Доколку мислевте деке среќен крај со волшебна венчавка постои само во приказните, размислете повторно, затоа што од сега, можете и вие да имате сопствена венчавка како од бајките и да се чувствувате како вистинска принцеза или принц на својата венчавка во Disney World.
Почнувајќи од 23 часот кога нема туристи, кога ќе бидете само вие и вашите најблиски во паркот, прекрасна кочија како на Пепелашка, пред волшебниот замок ќе пристигне со убавиот принц. Но, секако сево ова си има своја цена. Според Buzzfeed, цената е кралска ….така да основниот пакет чини 180000 долари. Мислам дека треба да почнете да штедите веднаш…..?