Чантите на Chanel се вечни модни додатоци. Француската дизајнерска куќа секогаш одново воодушевува со колекциите посветени на модните аксесоари. Karl Lagerfeld, пак, мошне добро знае како да внесе свежина кај култните чанти, по кои мечтаат мноштво љубителки на добрите класични парчиња. И оваа есен, вистински предизвик е да го одберете вашиот фаворит помеѓу нив. Од галеријата во продолжение, погледнете кои се најновите модели на чанти со потпис на Chanel за оваа сезона.