Дозволете ни да Ве запознаеме со работата на талентираниот самоук скулптор, Жарко Терзиевски.
Неверојатни детализирани гипсени дела инспирирани од најразлични мотиви.
Со гипсени релјефи и скулптури Жарко се занимава веќе девет години, а неговата прва изработка била пепелник. Со изработени над сто различни релјефи и скулптури, овој уметник се усовршува постојано, учејќи со трпение единствено преку своето искуство и талент. За едно дело му се потребни околу три дена.
Најголема инспирација ја добива во моментот, кога се меша гипсот со вода и се креира една „tabula rasa“.
Како што можете да забележите, мотивите се од најразлични извори на инспирација и пригода.
„На сите што се занимаваат со некоја уметност или било каква креативна работа би им порачал да не престанат да сонуваат и да си ги следат соништата и будни бидејќи ако знаете да сонувате можете и да имате.“
Едно вакво уникатно дело можете да си порачате на Facebook, или Instagram профилот на Жарко.