Работа – Долго време не сте биле под ваков голем притисок на работа. Од вас како да се очекува премногу. Бидете трпеливи, бидејќи вашиот труд ќе биде награден и конечно, ќе имате прилика да го свртите вниманието кон себе.
Љубов – Во љубовта добро ви оди, дури и подобро одколку се надевавте. Само се уште ги криете емоциите како змијата нозете.
Здравје – Добро се чувствувате.
БИК
Работа – Вашата сила ќе дојде до израз оваа недела. Како предводник на деловниот план, немате ниту малку лесна задача. Голема одговорност, доаѓа со високата позиција.
Љубов – Вашата врска има мали осцилации и несогласувања, но сето тоа многу брзо ќе се реши кон крајот на неделата и тоа со разговор.
Здравје – Чувствувате замор.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Нова работа, нови задачи, нови предизвици. Ова е недела на прилагодување на новите околности, што вам не ви паѓа тешко, но се трудите тоа да не го покажувате.
Љубов – Без разлика на малата раздвоеност со личноста која ви се допаѓа, љубовта ви цвета и оваа недела.
Здравје – Повеќе вежбајте.
РАК
Работа – Карактерот го смиривте за да се прилагодите кон колективот. Нема да ги трпите оговарањата, но за сега, мирната атмосфера ви е доволна и најважна.
Љубов – И понатаму сте затворени и добри сте во тоа, но понекогаш се прашувате до кога така!
Здравје – Повеќе пешачете.
ЛАВ
Работа – Ви недостасуваат предизвиците кои ги имавте порано. Не можете да го игнорирате вашиот натпреварувачки дух и желба за напредување, а тоа сега, никако не можете да го реализирате.
Љубов – Уживате во односите со партнерот. Љубомората ви прави проблем, но вие тоа ќе го надминете.
Здравје – Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа – Сакате совршена работа, а совршеноството не постои. Иако вашиот знак постојано трага за некое совршенство, овој пат греши, а ќе ги испуштите и дадените прилики – можности.
Љубов – Во љубовта добро ви оди оваа недела. Ќе ви одговараат заедничките активности и оние ваши, мали ситници што живот значат.
Здравје – Намалете ги оброците.
ВАГА
Работа – Вашата колебливост ве кочи, а имате опасни планови за приватен бизнис – стоите во место. Одлучете се веќе еднаш, работата не смее да трпи. Кој не рескира тој не добива.
Љубов – Во вашиот живот влегува една личност која ќе ве заинтригира и во вас ќе ја разбуди вербата во љубовта.
Здравје – Добро се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Работа – Не ги одбивајте деловните понуди, ќе се каете. Имате чувство дека пари немате доволно, а истовремено не размислувате за вашето слободно време и уживање во животот.
Љубов – Веќе подолго време сте сами, но не и осамени. Сакате да се забавувате, само што сега поради работата, имате помалку време за тоа.
Здравје – Престојувајте повеќе време на свеж воздух.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Колега на работа постојано ве нервира и вие тоа не можете, заради својот карактер да му опростите. Нерешените ситуации, можат да бидат многу лоши за целиот колектив.
Љубов – Конечно голема промена на вашиот љубовен план. Ова многу ги менува работите во вашиот живот.
Здравје – Добро.
ЈАРЕЦ
Работа – Финансиската состојба е малку полоша одколку што се надевавте. Ќе дадете се од себе, повторно да ги вложите времето и парите за да го вратите стариот сјај.
Љубов – Партнерот има разбирање за вас, токму сега кога ви е најпотребно, за да не размислувате премногу за работата.
Здарвје – Несоница.
ВОДОЛИЈА
Работа – Комоцијата ви е најактуелна оваа недела. Работата како да не ви е привлечна. Внимавајте, некој ќе ве нарече мрзлива личност.
Љубов – На љубовното поле се уште ништо не се случува, но вие мора повеќе да се движите во друштво.
Здравје – Се чувствувате добро.
РИБИ
Работа – Ја запоставувате сопствената кариера заради кариерата на партнерот, но сега тоа мора да се менува. Не можете само да седите со скрстени раце.
Љубов – Партнерот ве разбира и ќе ви даде подршка за се што ќе одлучите.
Здравје – Добро се чувствувате.