Популарниот шведски бренд H&M, во најновата кампања за линијата аксесоари за домот, нуди грст идеи за посакување топло добредојде на новото годишно време во животниот простор. Каталогот за есенката колекција во голема мера ги отсликува најактуелните светски трендови за уредување на ентериерот. Меките текстили, нежните постелнини и удобните прекривки се дел од предлозите за стилизирање на дневната и спалната соба, а не изостануваат ниту прекрасните идеи и додатоци за есенската трпеза. Мноштво идеи за инспирација, во пресрет на уште една нова, убава сезона во домот. Одберете ја вашата омилена тема!