Од љубовта кон дрвото и кујната, дизајнерското студио Little Miss Puu изработуваат даски за сецкање или едноставно за послужување на омилените делиции. Во повеќе димензии и облици на вашата маса со нив се пренесува храната или љубовната порака од готвачот, а можеби и некоја од неговите омилени поговорки.
Докажувајќи дека љубовта навистина оди низ желудникот, овие даски на масата носат хумор или раскажуваат по некоја приказна од семејството. Можеби тоа е само почетокот на заедничкиот живот, а со даските на Little Miss Puu, можностите се безбројни.
Даските носат имиња на љубовните парови, семејства, пораки и се идеален подарок за секој готвач. Не е потребно да имате на неа некој комплициран рецепт, доволно е само да го поставите омиленото сирење, сувомесениот производ и убавото есенско грозје или домати.