После две самостојни изложби, познатата новинарка и фотографка Маринович Маријана, ја излага и третата самостојна изложба наречена “NYC Four seasons…and something red” во галерија во Супетар на островот Брач. Таа е родена во Сплит, но моментално работи во Њујорк и на изложбата ќе претстави 28 фотографии од градот кој никогаш не спие. Поголемиот дел од фотографиите се снимени во минатите година и пол, додека се школувала на New York Film Academy.