Германската мода и денес е една од водечките модни индустрии, препознатлива по практичните, модерни и софистицирани модели. Германскиот динамичен бренд Gerry Weber, е со женствен и спортски стил, кој преку новата колекција есен/зима 2016, со леснотија ни го пренесува својот став кон животот. Престојната колекција е со силни поединечни парчиња, исклучително добри детали, висококвалитетни материјали и убави бои. Овие прекрасни поединечни парчиња се добро комбинирани во целиот изглед на колекцијата, која на прв поглед го претставува модерниот lifestyle на овој бренд: опуштено, индивидуално и модерно!
Во нашето Скопје продажниот салон на Gerry Weber можете да го најдете во градскиот трговски центар (ГТЦ).