Секојдневно дознаваме, читаме и им се восхитуваме на гламурозните модни настани кои се случуваат во големите метрополи како Милано, Париз, Лондон…
Оваа среда, чест ни беше да присуствуваме на прекрасниот коктел-настан по повод 10тиот роденден на MARELLA во Скопје, и за момент да ја осетиме Италијанската култура на нашата кожа.
Обрнувајки внимание на секој ситен детал, од прекрасно декоративни мафини и колачи, до шампањ, балони, DJ… MARELLA подготви и оствари искуство кое долго ќе се памети.
Настанот беше исполнет со грациозни, елегантни жени и девојки, модни уреднички, и модни блогерки, кои ни покажаа дека и во Скопје модата е на врвно ниво. Со уникатни стајлинзи, смели комбинации, трендовски аутфити и како клучен детал огромни насмевки на лицата докажавме дека не сме далеку од светските модни трендови.
Погледнете подолу фотографии од настанот и инспирирајте се.