Веројатно не постои човек кој барем еднаш не посакал да има свое сопствено катче во поткровје. Ќе се согласите и дека атмосферата која ја нудат таванските простори не може да се почувствува на ниту едно друго место, па се совршен амбиент за креирање на спална соба од соништата. Без оглед на тоа дали мечтаете за боемско прибежиште со убави текстили и уметнички декор, или, пак за минималистичка и бела просторија со модерни акценти, 25-те примери кои ви ги претставуваме во продолжение нудат инспирација за сечиј вкус. Секоја спална соба има уникатни архитектонски детали, како што се нагласените дрвени допири или интересно обликуваните прозорци. Погледнете ја галеријата и одберете ја вашата омилена идеја!