Рене Зелвегер повторно со љубовни проблеми.
По една деценија во емотивната пустина, омилената соло девојка се враќа назад на големите платна во „Бебето на Бриџит Џонс“. Во новиот филм на режисерката Шерон Мегвајар, снимен според бестселерот „Луда по него“ на Хелен Филдинг, главната хероина е во благословена состојба. Актерката Рене Зелвегер ќе ја гледаме повторно во нејзината позната улога на Бриџит Џонс, соочена со љубовен триаголник и една голема дилема – кој е таткото на нејзиното бебе?
По разидувањето со Марк Дарси (Фирт), планот на Бриџит (Зелвегер) „среќни до крајот на животот“ не оди како што треба. Повторно сама во четириесеттите, одлучува да се фокусира на својата работа како топ продуцент на вести и да се опкружи со стари и нови пријатели. Конечно, Бриџит држи се’ под контрола. Што може да тргне наопаку? Тогаш во нејзиниот љубовен живот ќе дојде до пресврт и ќе го запознае маркантниот Американец Џек (Демпси), додворувач кој е сосема поинаков од г. Дарси. Во неочекуваниот пресврт, таа ќе остане бремена, но постои еден проблем… Може само 50 насто да биде сигурна кој е татко на бебето.
Премиерното прикажување на „Бебето на Бриџит Џонс“ пред македонската публика бешe на 15.09.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.