Скандинавската естетика може да биде применета во секакви простори, со различна големина или намена. По скандинавските дневни соби, спални соби и трпезарии, овојпат ви прикажуваме низа примери за уредување на уште едно катче во животниот простор – домашната канцеларија. Динамичното животно темпо наметнува потреба од работно катче и во домот, каде ќе може да се извршат дополнителните работни обврски или складираат документите и неопходните реквизити. Во малите станбени објекти е невозможно да се издвои поголема и посебна површина за канцеларија, но секако може од минимумот слободен простор да се создаде стилизирана работна површина со целосно функционална намена. Во продолжение, погледнете ги нашите 25 убави и инспиративни предлози со скандинавска тема и пронајдете ја омилената идеја за уредување на работното катче и во вашиот дом.