Круните се голем моден тренд изминатите неколку години. По популарните венчиња од цвеќе, дизајнерите ширум светот се трудат да претстават што пооригинални верзии на круни. Една од нив е и Iryna Osinchuk-Chajka, дизајнерката која препорачува круни со пеперутки за специјални прилики, како што се свечени настани, венчавки и слични прослави. Секој дизајн е уникатен, рачно изработен и единствен. Направени се од материјал кој може да се накваси, а да не се оштети, и што е најважно – не ја губат својата боја со текот на времето. Погледнете како изгледаат дел од моделите. Би носеле ли некоја од нив?