Во пресрет на уште една нова сезона во домот, познатиот шпански бренд Zara Home ја претстави својата понуда за есен/зима 2016. Чистата белина и строгите линии се основниот елемент во есенската колекција, а комбинацијата на бела со бела – стилски предлог за елегантен амбиент во домот. Неутралните тонови, пак, во тандем со раскошните златни и сребрени аксесоари се вистинскиот избор за внесување топлина, комфор и доза на луксуз во животниот простор оваа есен. Во продолжение, ви ги претставуваме фотографиите од каталогот и промотивното видео за најновата кампања на Zara. Пронајдете ја омилената тема и идеја за вашиот дом!