Borgo Pignano е волшебен имот кој се протега во недоглед со прекрасната вила од 18. век и прекрасните англиски градини, инфинити базен во карпите. со поглед до Медитеранот и прекрасните брда, исполнети со маслинови дрвја и виногради.
Совршена оаза на мир и тишина, која нуди топло и пријатно гостопримство. Од една страна тосканската природна убавина, а од друга, богатството на италијанската уметност, архитектура и археологија.
Храната се припрема на самиот имот.
Доручекот е чиста рапсодија…нивен домашен леб, пити, торти и колачи, гранола, јогурт, рикота, шунка, пекорино сирење, свежи јајца, мед од лаванда и сите видови на џемови. За ручек и вечера се приготвуваат оброци од тосканската традиционална и модерна кујна. А за вината…. се знае – најубавите.
Венчавките во Borgo Pignanо се нешто најубаво….сите гости се во бело во прекрасниот двор со најубав поглед на светот, под големиот бел шатор, со цвеќе, свеќи и пиано…
За случувања како венчавки, родендени, интимни концерти или некое случување – Borgo Pignano е измислено место. Неодамна тука се венчаа и познатиот глумец Adam Rodriguez (Magic Mike XXL) и моделот Grace Gail.