Лимонадата е освежителен пијалак кој е совршен за топлите летни денови. За да се разбие монотонијата на обичната лимонада можете да ги следите инструкциите во продолжение и да добиете брз и лесен сок со одличен вкус.
Потребни состојки:
- 4 шолји со јагоди, измиени и исечени на половина
- 2 лимони, исечени на четири дела
- Половина до четвртина шолја мед за засладување
- 6 шолји вода
- Мраз
Јагодите и лимоните ставете ги во блендер, заедно со 2 шолји вода. Потоа процедете ја смесата од јагоди и лимони и преку цедалката додадете ги преостанатите 4 шолји вода. Додадете мед по ваш вкус.
Сервирајте ја лимонадата со мраз, а можете да додадете и дополнителни парчиња јагоди и лимон за декорација. Исто така, лимонадата може да се зачини и со ливчиња нане.
Овој освежителен пијалак може лесно да се претвори во коктел со додавање на некој алкохол, на пример текила, рум, водка, па дури и бело вино за да направите сангрија.