Kaнадската дизајнерка на накит Manon Richard, создава магичен накит со светлосен сјај во ноќта. Секое парче од колекцијата е уникат и рачно изработено, заради кое ќе се чувствувате волшебно. Но која е тајната на овој накит?
Richard на секое парче накит става светлосна фосфоресцентна боја, која веднаш создава тиркизен сјај во темнината. Се што треба да направите е да го држите накитот под светилка неколку минути или на сонце неколку саати, за да се активира и наполни фосфоресцентната боја. По краткото полнење, веднаш се појавува тиркизен сјај што секој ќе го забалежи.