Народот Baiau кој живее на крајбрежјето на Бутан се морски номади кои всушност мигрирале од Филипините. За овој народ прв пат се слушнало уште во 1521 година кога на ова тло прв дошол морепловецот Antonio Pigafeta. Постои легенда која вели дека овој народ првобитно живеел во кралевство. Но, кога ќерката на тогашниот крал се изгубила во морските длабочини тој дал наредба сите од кралството да одат во потрага по неа. Тие не успеале да ја најдат и поради тоа тој наредил повеќе никогаш да не живеат на копно туку да бидат во близина на морето.
Народот Бајау е еден од ретките народи кои се “осудени” да го поминат својот живот на море. Нивните живеалишта се направени од трска, а куќите им се наоѓаат во морето високо издигнати на столбови. Се занимаваат со риболов кој им е главен извор на преживување. Интересно е да се напомене дека тие немаат валута односно не располагаат со пари. Својот улов од риба го менуваат со други потребни производи на локалните пазари. Главно превозно средство им се нивните чунови кои исто така се направени од трски. Многумина ширум светот им се восхитуваат на начинот на кој живеат овие луѓе кои инаку немаат допир со придобивките на модерната технологија. Погледнете како изгледа сето ова!