Веб-страницата Woman Card започна проект во кој група илустратори прават карти за играње, но со поинаков изглед. На секоја карта има портрет од жени кои се значајни за денешницата, од поп-икони и актерки до активистки и политичарки. Идејата за ваквиот потег е директен одговор на непромислениот коментар на Доналд Трамп во однос на кампањата на Хилари Клинтон: -„Tаа игра на картата дека е жена” што значи дека всушност нејзините достигнувања, според него, се само поради тој факт.
Луѓето кои стојат зад овој проект имаат за цел да ја поттикнат заедницата да размислува без предрасуди и повеќе да се залага за полова еднаквост во светот. Меѓу жените кои досега се најдоа во шпилот се Опра Винфри, Елен Деџенерис, Фрида Кало и други светски познати дами кои со своите професии ја менуваат перцепцијата за жената во општеството.
Фрида Кало
Мадона
Опра Винфри
Роза Паркс
Елизабет Ворен
Мелинда Гејтс
Маргарет Тачер
Шонда Рајмс
Принцезата Дајана
Емили Дикинсон
Елен Деџенерис
Хилари Клинтон