Широки, лелеави панталони….секако се идеален избор за лето, но дали се едноставни за комбинации, тоа е друго прашање. Ние мислиме дека се, но само доколку ги пратите едноставните совети и трикови за комбинациите и извлечете максимален ефект од овој тренд.
Погледнете ги овие неколку примери кои ќе ве инспирираат…
ВОВЛЕЧЕТЕ ЈА КОШУЛАТА ВО ПАНТОЛОНИ
Можеби ви звучи банално, но на овој начин е најлесно да се нагласи обликот на песочна фигура. Особено, ако пантолоните ви се во црна боја а одберете топ во посвет ла или контрасна варијанта и така го нагласите најтесниот дел на вашето тело.
КОРИСТЕТЕ ТОП ВО ОБЛИК НА КВАДРАТ
Ваков облик на краток и широк топ, кој престанува токму над пантолоните со висок струк. Нема да покажува премногу а и понатаму сте во тренд.
МОЖЕТЕ ДА ПРОБАЈТЕ СО ПОДОЛГИ….
Ова е малку потешка варијанта за девојките со пошироки колкови, но и за сите градби на тело кои се потенки во тој дело. Секако, земете подолг горен дел, кој паѓа над колената – одлично изгледа оваа лелеава комбинација!
НОСЕТЕ САМО ЕДНА БОЈА
Најлесно е со монохроматскиот тренд – не морате многу да размислувате, a едноставен начин како инстантно да изгледате средени, елегантни и пред се со издолжена силуета.
ХРАБРО СО ПРИНТОВИТЕ
Ако се одлучите за овој тренд, тогаш бидете храбри до крај. Ова е совршена комбинација за викенд излагање на кафе. Било каков принт да изберете, ќе изгледа добро. А ние ви предлагаме да го смирите со обична, едноставна бела или црна маица.
ШИРОКИ ПАНТОЛОНИ НАМЕСТО ФУСТАН
Комбинезон со широки ногавици е одлична алтернатива на фустан, имајќи предвид дека однапред навистина изгледа како фустан. А треба ли да кажеме колку е забавен за носење?