Кафето наречено coffeeinacone се служи само на едно место во светот, во The Grind кафулето, Јоханезбург! Instagram е преплавен со фотографии од кафето во корнет!
Зошто ова не го направил некој порано? Levinrad вели дека му требало многу работа и трпение за да го креира овој совршен производ – толку е совршен што го патентираше. Знаел дека сите потрошувачи сакале сладолед, кафе и чоколада. Неговата одлука во почетокот да ги комбинира сите три состојки била проблематична бидејќи корнетот е претенок за држење кафе.
“Купивме сопствена машина и почнавме самите да правиме корнети, користејќи разни видови на брашно, како и четири видови на чоколадо. Техниката која функционира вклучува обвиткување на корнетот со четири видови на чоколадо кое му овозможува на корисникот 10 минути време, пред да почнат да се топат чоколадото и корнетот.” раскажува Dayne Levinrad.