Mork Ulnes е архитектонското студио кое стои зад дизајнот на оваа современа вила. Инспирацијата во проектите на архитектите е комбинација од влијанија од двата града, Осло и Лос Анџелес, во кои студиото има седиште. Вилата Trollhus е модерна верзија на планинска колиба, сместена во спокојна шума полна со борови во сончевата Калифорнија. Иако однадвор е со темен изглед, внатрешноста на оваа куќа е мошне топла и гостопримлива, со атмосфера за вистински одмор. Идеална за оние кои повеќе сакаат летото да го поминат на ладовина, во планина. Погледнете и инспирирајте се!
А еве како изгледа куќата во зима, за оние кои повеќе сакаат снег и зимски одмор.