Сакате да изгубите неколку килограми, но не сте посветени да го менувате целиот начин на исхрана, вежбање и живот. Тогаш во животот ви требаат мали ситни измени кои се едноставни , незабележителни и корисни – кои без труд но со нивна помош, ќе изгубите неколку килограми пред летото. Применете ги ови 8 мали промени….
- Заменете го утринското кафе со шеќер и шлаг со зелен чај.
- Не одете да купувате храна во дуќан гладни и без список.
- Додадете лимун во водата која ја пиете преку ден, тоа е одличен диуретик.
- Со друштвото, наместо во блиското кафуле, одете групно на час по аеробик или танц….наместо џин тоник, почестете се со еден час потење.
- На работа понесете ја торбата за тренинг, па после работа во теретана.
- Јадете свесно….го знаете оној момент кога сте прегладнети и целиот оброк го јадете за 10 и пол секунди? Да, тоа не е добро…На мозокот му треба време за процесот што се случува и да дознае дали е сит. Најдобар начин е да го избегнете прејадувањето е да џвакате полека…25 пати секое залче и свесно да размислувате за тоа што имате во чинијата.
- Не јадете ноќе….со оваа навика мора да престанете. Измијте ги забите после вечерата и така му давате знак на организмот дека со храната за денес е готово.
- Легнете си порано…звучи едноставно, но сонот е нешто не треба да го изоставите. Неколку ноќи со неспиење по ред, може да доведат до инстант дебелеење.