Најновиот филм на Брајан Сингер во франшизата за мутантите со супер моќи.
Апокалипса, првиот и најмоќен мутант во Марвелвиот Х-универзум станал бесмртен и непобедлив. Откако одмора илјада години, се буди разочаран од светот што го наоѓа.
Тој регрутира тим од моќни мутанти, вклучувајќи го и обесхрабрениот Магнето (Мајкл Фасбендер), за да го исчистат човештвото и да создадат нов светски поредок со кој ќе владеат.
Судбината на Земјата виси на конец, а Рејвен (Џенифер Лоренс) со помош на професорот Икс (Џејмс МекАвој) води група млади Икс-мени за да го запрат својот најголем непријател и да го спасат човештвото од целосно уништување.
По режија и сценарио на Брајан Сингер, најновото продолжение на серијалот кој за прв пат се појави пред 16 години, ќе ја воодушеви публиката со одличните филмски ефекти. Македонската компанија за визуелни ефекти и анимација ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелната магија во соработка со студиото MPC Technicolor од Лондон.
Главните улоги во „Икс-мен: Апокалипса“ ги толкуваат Џејмс Мекавој, Мајкл Фасбендер и Џенифер Лоренс, а нови во франшизата се актерите Оскар Ајсак и Оливија Мун.
Премиерното прикажување на „Икс-мен: Апокалипса“ пред македонската публика бешe на 19.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.