Вратете се во светот на чудата.
Оваа пролет, време е за малку лудило. Алиса се враќа во Земјата на чудата! „Алиса зад огледалото“ е новата спектакуларна авантура на студиото Дизни, која повторно ја собира ѕвездената актерска екипа со Џони Деп, Ен Хатавеј, Миа Вашиковска, Саша Барон Коен и Хелена Бонам Картер во главните улоги. Режисер на продолжението е Џејмс Бобин, а самиот филм е адаптација на книжевното дело од Луис Керол.
Дизниевиот филм „Алиса зад огледалото“ повторно ќе не врати во светот на „чудата“, каде Алиса (Миа Вашиковска) патува назад во времето за да го спаси Лудиот Шеширџија (Џони Деп). Продолжението на хитот од 2010-та година е потполно нова магична авантура во која се појавуваат и незаборавните ликови од омилената приказна на Луис Керол. Оваа шармантна класика ги освојува младите љубители на филмовите со извонредните визуелни ефекти.
Кога Алиса се буди во „светот на чудата“, таа мора да патува преку мистериозниот нов свет за да го врати магичното жезло кој може да го спречи злобниот Господар на Времето да го помести времето понапред и да го претвори „светот на чудата“ во неплоден, безживотен свет. Со помош од неколку нови пријатели, Алиса исто така мора да го открие злобниот заговор за да ја врати Кралицата на Срцата назад на тронот.
Премиерното прикажување на „Алиса зад огледалото“ пред македонската публика бешe на 26.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.