Кога лошите соништа стануваат реалност.
За најголемите љубители на хорор-филмовите, во кино салите започна со прикажување американскиот хорор-трилер „Пред да се разбудам“, најновиот филм на режисерот Мајкл Фленаган, кој е и автор на сценариото заедно со Џеф Хаурд.
Филмот е приказна за брачниот пар Џеси (Кејт Босворт) и Марк (Томас Џејн) кој се обидува да продолжи со животот, по смртта на нивното дете. Бидејќи не можат да имаат деца, решаваат да го посвојат осумгодишното момче Коди, за кого не знаат дека негов најголем страв е да заспие.
На почетокот, претпоставуваат дека минатото му го создало стравот од спиење, но наскоро ја откриваат вистинската причина: неговите соништа стануваат реалност, но не на начинот на кој очекуваат. Неговите соништа се отелотворуваат во стварноста додека тој спие.
Соништата на Коди, како сите детски соништа се или неверојатно фантастични или пак ужасни кошмари, а Џеси и Марк се соочуваат со нив. Во еден миг тие ќе ја почувствуваат неверојатната моќ на фантазијата на Коди, а веќе во следниот миг и застрашувачката природа на неговите ноќни стравови.
Во филмот главните улоги ги толкуваат Кејт Босворт, Томас Џејн, Џејкоб Тремлеј, Анабет Гиш и Деш Михок. Мајк Фленаган го напишал сценариото заедно со Џеф Хаурд и ова им е втора соработка по психолошкиот хорор филм “Огледало на смртта”.
Премиерното прикажување на „Пред да се разбудам” пред македонската публика бешe на 12.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.