Креативното архитектонско студио од Холандија, Fiction Factory, проектираше интересна куќа направена од еколошки материјали. Целата куќа, наречена Wikkelhouse, однадвор изгледа како да е од дрво, а всушност е направена од одлично распоредени слоеви картон. Овој флексибилен концепт на дом е составен од посебни сегменти кои комбинирани заедно даваат едно модерно и креативно живеалиште кое може да биде постојано или повремено. Сите суровини кои се искористени при изградбата се еколошки и не ја загадуваат средината.