Дизајнерите Yitan Sun и Jianshi Wu сакаат Central Park да стане достапен на поголем број луѓе, со необичен потфат – идејата е да создадат 300 метри висока и 30 метри длабока природна структура, направена од природни карпи кои се наоѓаат под самиот парк и така да завземат вкупна површина од 18 129 916.8 метри квадратни. Ако се прашувате колкава е таа површина, замислете го Empire State Building и помножете ја неговата површина со 80.
“Со својот високо рефлектирачки стаклен sид со кој би бил опкружен, пејсажот во внатрешниот парк ќе изгледа вон физичките граници, создавајќи привидна безконечност. Во срцето на New York, “New Horizon” е роден! ” – така кажаа авторите на проектот.