Судир помеѓу суперхероите на големото платно.
Уште еден марвелов филм за стрип-јунакот Капетан Америка. Марвеловиот „Капетан Америка: Граѓанска војна“ продолжува таму каде што филмот „Одмаздници 2: Ерата на Ултрон“ заврши. Стив Роџерс (Крис Еванс) ќе го води новиот тим на „Одмаздниците“ за зачувување на човештвото против тимот на Ајрон Мен (Роберт Дауни Џуниор).
По уште еден меѓународен инцидент во кој „Одмаздниците“ биле вмешани и во кој дошло до колатерални штети, се засилува политичкиот притисок да се воспостави систем на одговорност и управувачко тело кое ќе одлучува кога тимот треба да биде ангажиран.
Ваквата одлука ќе ги подели суперхероите, некои се согласуваат со создавањето на новиот систем, некои сметаат дека хероите треба да бидат слободни, а не управувани од властите. Новиот „статус кво“ ќе ги подели Одмаздниците додека пробуваат да го заштитат светот од новите негативци.
Во филмот главни улоги се Крис Еванс, Роберт Дауни Џуниор, Скарлет Јохансон, Себастијан Стен, Ентони Маки. Ко-режисерот Џо Русо изјавил дека „најмоќното снимање од филмот“ било кога Стив Роџерс запирал хеликоптер од полетување со голи раце. Крис Еванс за оваа сцена вежбал напорно за физички да ја исполни улогата бидејќи тие сакале да го тестираат лимитот на неговата физичка сила.
Крис на почетокот не бил сигурен дали да ја прифати улогата на Капетан Америка, но сега смета дека тоа била најдобрата одлука што ја направил. Роберт Дауни Џуниор и Крис Еванс ја опишуваат динамиката меѓу Ајрон Мен и Капетан Америка како бракот: „Се сакаме еден со друг, но сме како експлозив. Работиме кон иста цел, но со различни пристапи. Сепак тоа е одлично: никој не е во право ниту пак греши. Тоа прави уште потешко тие двајца да дојдат до договор“.
Премиерното прикажување на „Капетан Америка: Граѓанска војна” пред македонската публика бешe на 05.05.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.