Во срцето на Шангај, градот кој се смета за културен и економски центар на Кина, се наоѓа прекрасен хотел наменет за уметници. Хотелот се нарекува Swatch Art Peace Hotel и претставува елегантен и луксузен простор за чие реновирање делумно се погрижил швајцарскиот бренд Swatch, по кој го носи името. Ова не е класичен хотел, туку хотел кој главно е наменет за уметници на кои им е овозможено токму на ова место да се посветат на својата инспирација и креативност и до неколку седмици. Хотелот се состои од неколку апартмани, работни простории, галерии за изложби, како и прекрасни глетки од Шангај за дополнителна инспирација на уметниците. Совршена средина за одмор и креативност.