Почетните планови за мрежата на жичарници кои ќе го поврзуваат центарот на градот Chicagо, се откриени. Архитектонската фирма Davis Brody Bond и Marks Barfield го дизајнираа проектот “Chicago Skyline“, туристичка атркација која ќе ги поврзува Navy Pier, кејот на езерото и Riverwalk со центарот на Chicagо.
“Chicago Skyline” е дизајниран за да го прикаже богатството на градежното наследство, истовремено, потикнувајќи ги посетителите да го истражуваат градот без користење на автомобили.
“Chicago Skyline” може да пренесе 3 000 луѓе на час, со брзина од 4 метри во секунда, во двете насоки низ реката. Цената на ова патување ќе изнесува 20 долари, но, проектот е се уште во почетна фаза и барање за локално одобрување.