Во најновата понуда за лето 2016, популарниот шпански бренд Zara Home претстави грст убави идеи и производи за сезонско освежување на домот. Во пресрет на топлото лето, новата живописна колекција ги прославува мотивите поради кои најмногу го обожуваме ова годишно време, вибрирајќи во најубавите бои од југот: окер и сончево жолта, медитеранска теракота, како и азурно тиркизна нијанса. Шаренило, игриви дезени и егзотика, наспроти свежината на морскиот брег и смиреноста на рибарските колиби – вака изгледа промотивниот каталог за последната линија аксесоари од Zara Home. Уживајте во идиличните глетки и одберете ја омилената летна тема за вашиот дом.