Португалскиот моден бренд на врвни модни додатоци Parfois, достапен во Skopje City mall, за сезоната пролет/лето 2016 година, ја донесе колекцијата во која е прикажана жената – самосвесна, независна и пред се, реална. Новата колекција e снимана на вулканот Teide на острвот Тенерифе.. приказната е за жената која го планира своето патување без разлика на свето минато. Таа се движи по патишта на пустинскиот пејсаж, единствена и фасцинантна. Самата одлучува каде оди, покажувајќи ја својата бесконечна моќ и слобода.
Parfois успеа да ја покаже разновидноста на своите артикли од најновата колекција, симболизирајќи ги четирите различни патишта во непознатото.
Тенденци во новата колекција на Parfois се:
Романтична девојка со цвеќе – еден од главните трендови на колекцијата, торбички со принт и богати шалови со цветни мотиви и пастелни тонови – со акцент на vintage накитот и неправилните камења кои потесетуваат на времето од art deco.
Урбана и младешка – прикажана преку торбите со недовршен изглед, голем накит и накит со големи парчиња од смола и камења во бои…
Elegantna i minimalistička – Третата тенденција е минимализам и префинетост. Тоа се торбите со светли бои, анимал принт и дискретна графика. Накитот е со геометриски принт и полудраги камења, брушени додатоци од злато и сребро- а најголемо внимание привлекуваат обетките со иновативни облици.
Етничка и племенска – Торби богати со камења, везови, топчиња, реси, етнички и со животински принт. Материјалите се од рељефна кожа, антилоп и свила. Накитот изгледа како рачна изработка, плетива, природен камен и пердуви. Сандалите се со платформа како и рамни со разни апликации.