Од првата средба полна со исчекување, до првиот бакнеж, првите изненадувања, па се до почетокот на заедничкиот живот и основањето семејство. Никогаш доста од љубовни приказни искажани преку интересни илустрации. Сите овие моменти за кои живееме се дел од серијалот илустрации на Паскал Кампион кој на совршен начин ја прикажува убавината и суштината на вистинската љубов. А во што е токму суштината на љубовта, ако не во малите, секојдневни нешта?