И малите домови можат да бидат совршен животен простор, со паметни решенија и добар план при уредувањето на ентериерот. Одличен пример е и овој стан со површина од 36 метри квадратни, кој е комлетно функционален и располага со сите предуслови за комфорен престој. Опремен е со дневна зона со софа, трпезарија, кујна, како и спална соба, бања и ходник. Доминантна боја е белата, која во тандем со природната светлина визуелно го зголемува ентериерот. Мебелот и деталите се модерни, но со едноставни линии, мошне удобни и пријатни, давајќи му лежерна атмосфера, топлина и гостопримливост на просторот. Ништо не е пренатрупано или хаотично, туку сосема спротивното – постигнат е ефект на слобода каков не може да се забележи и во многу поголеми станови. Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од идеите кои ги нуди овој стилски и практичен ентериер.