Како “потомок” на џезот и блузот, хип-хоп и рап културата се формираат во 70’те години, времиња кога Бронкс станува центар за ваков тип на забави, особено популарни за Афроамериканците. Не многу покасно, кон средината на 90’те години, хип-хоп и рап музиката стануваат најпродаван музички жанр во САД.
Во државава најверојатно немаме МНОГУ Афроамериканци…. АМА ИМАМЕ РАП!!! Па, го селиме Бронкс во Скопје…
На првиот BRONX 1.01 Ви најавуваме концертна промоција на албумот “ПУШТИ ГЛАС” на “ТОКСИКОЛОЗИ”. Токсиколози се хип-хоп групација составена од македонските рапери Сиги, Кацар и Џоле. Соработници од времето кога Хип Хопот беше „табу култура“, функционираат заедно под логото на „Токсикологија“ и до ден денешен работат со полна пареа под мотото: ПУШТИ ГЛАС!
Идејата се формира со издавањето на спотот за исто-имената песна „Пушти Глас“ на Сиги и Кацар, што им донесе многу истомисленици во Македонија и пошироко.
Настапувале заедно на многу фестивали, мали и големи дискотеки, клубови, кафичи, дупки, штали, отварања на концерти, пред-група на големи артисти… па затоа иако се релативно млади, „Токсиколозите“ со себе носат знаење стекнато од искуство за правење атмосфера како никој друг до сега на нашите простори.
НАСТАПУВААТ:
Токсиколози
Тони Зен
Тихомир Јакимовски – Туте
ДЈ Чваре
ДЈ К-105
ДЈ Дрази Драгс
Anomalija Nativa
Metaphorce
Zee Bomb
Lirikoven Piroman
Картите се во ограничен број, а истите може да се купат на билетарата на МКЦ како и преку продажните мрежи на:
ВИДЕО: https://www.youtube.com/watch?v=93VRqjiWrzc
FACEBOOK EVENT: https://www.facebook.com/events/191035167949692/?active_tab=posts