Доколку сте фан на чевлите Valentio Rockstud, тогаш сигурно ќе бидете воодушевени од новата колекција на оваа модна куќа. Колекцијата инспирирана од обожуваната DC стрип хероина Wonder Woman, “rockstuds”- им дадоа на познатите Valentino модели сосема нов изглед.
Valentino Star Studded Sneakers
Креативните директори Maria Grazia Chiuri и Pierpaolo Piccioli, изјавија дека со новата колекција сакаат на сите жени да им честитаат за нивната сила и совршен баланс, за многу работи во животот. За прославата на колекцијата, италијанскиот уметник Solo, познат по цртање на суперјунаци, направи жива инсталација за нивниот излог во Њујорк на петата авенија. На истата локација ќе нацрта и мурал, каков веќе имаат во Мајами и Рим.