Тетоважите се и тоа како дел од урбаната култура. Но, тоа не мора да значи дека тие не можат да ја покажат својата нежна и софистицирана природа.
Jaya Suartika е авторот на овие специфични тетоважи, кои се дизајнирани единствено за луѓето кои имаат длабочина во себе. Тетоважите се направени по принципите и законите на геометријата, водени од духот на Balinese – стилот, каде уметникот живеел во еден дел од своето детство.
Иако неговата работа е претежно со црно мастило, Jaya внесува и обоени детали кои го привлекуваат вниманието и ги нагласуваат геометриските контури.