Традиционалниот ротердамски пентхаус од почетокот на дваесетиот век е редизјниран во современ стан, опремен со спа центар на кровот за забава.
Дневниот простор и двете спални соби се наоѓаат на другата страна од зградата. Белата и сивата палета на бои, добро се комбинираат со модерниот мебел и единствените декорации. Скалите водат до спалните соби кои се на четвртиот кат. Во едната спална соба е сместена и голема када и сауна со панорамски поглед.
Врв на овој редизајн е кровната палуба на која станарите можат да уживаат во панорамата на Ротердам, сместени во кадата со хидромасажа. Овој забавен простор опкружен е со ниски садови полни со разни зелени растенија, кои го прават просторот како мала мини оаза.