Стилот се забележува во секој аспект од животот, особено во вечниот обид за персонализирање на секој негов дел.
Компјутерот како неизбежен дел од секојдневието на секој од нас е нешто што можеме да го направиме по наша мерка. Maria од Њујорк носи убавина и гламурозност на секое парче технологија. Во нејзиниот Clique Boutique можат да се пронајдат рачно изработени и дизајнирани маски за телефони и лаптопи. Мисијата на Maria и нејзиниот тим е да создадат нешто во кое ќе се пронајде секој човек.