Животните катчиња во поткровје никогаш не престануваат да не воодушевуваат и инспирираат. Имаат нешто посебно во амбиентот, што не може да го сретнете во другите ентериери. Положбата, закосените тавани и прекрасните погледи од прозорците овозможуваат креативен пристап и флексибилност, како во уредувањето, така и во организацијата на просторот. Овојпат, ви претставуваме едно преубаво средено и реновирано поткровје со површина од 46 метри квадратни. Ќе ве шармира со удобноста и топлината во ентериерот, но и лежерноста на скандинавскиот стил и дизајн. На високите тавани на се зачувани старите дрвени греди како совршен декоративен елемент, а во тандем со модерните детали создаваат пријатно чувство и амбиент на кој е тешко да одолеете. Солидно екипираната кујна комуницира со дневниот престој, функционирајќи како една целина со отворен распоред. Спалната соба, пак, сместена е во продолжение на дневната соба, и исто така не е одвоена со преграден ѕид. Во продолжение, погледнете ги фотографиите и инспирирајте се од идеите кои ги нуди овој добро организиран и модерно уреден стан во поткровје.