Архитектурата и дизајнот се две гранки кои секојдневно се менуваат и напредуваат. Постојат талентирани архитекти кои од идеи за кои навидум се незамисливи, создаваат иновативни и практични решенија. Пример за ова е идејата на група архитекти од фирмата OYO од Гент, Белгија кои креираа куќа со интересна геометриска форма, изградена на подземно ниво. Материјалите кои се користени се различни, главно дрво и камен како и други енергетски ефикасни материјали. Футуристичкиот дизајн однадвор во комбинација со пријатен ентериер внатре е полн погодок.