Познато е големото пријателство на глумицата Kristen Stewart и креативниот директор на Chanel – Karl Lagerfeld, така да воопшто не е чудно што повторно ја ангажираше во новата кампања, како заштитно лице на познатиот француски бренд. Кампањата за есенската колекција 2016. ја снимаше Karl Lagerfeld, а познатата 26- глумица позираше во црно-бели варијанти на секси парчиња со длабоки деколтеа и изрези, со чипкани чорапи и балонери. Kristen, совршено го пренесе духот на италијанска глумица во париски апартман. Токму така како што Karl замислил – заводнички и елегантно.