Долго очекуваната книга на познатата модна креаторка Донетела Версаче конечно ќе биде пуштена во продажба овој септември. Таа ја опфаќа богатата историја и случувањата низ годините на модната куќа “Versace”. Интересен е фактот што тука ќе бидат објавени многу фотографии од модните ревии и случувањата во “backstage” кои до сега никогаш не сме ги виделе.
На страниците на книгата ќе можеме да ги видиме фотографиите од модните икони на деведесетите години како што се; Naomi Campbell, Christy Tarlington, Linda Evangelista, Cindy Crawford, кои всушност и беа главни протагонисти на модните ревии во деведесетите години на минатиот век.
Tim Blanks и Stefano Tanac светски познати и признати модни стручњаци во модните кругови се главните соработници на Донатела во изработка и објавување на нејзината книга. За сите вљубеници во модата уште една ново интересно модно доживување.