Модната куќа “Cartier” го презентираше својот најнов моден аксесоар, а тоа е чантата која е наречена “Mini-C”. Модната линија на овие прекрасно дизајнирани чанти може да се најдат во разни бои, а за кои треба да споменеме дека дизајнерите на модната куќа ги позајмиле од боите кои доминираат на накитот на Cartier.
Боите кои доминираат во колекцијата се: вино-црвена, светло зелена, сончево-жолта,класична беж, лилјакова,кафена и црна. Овој елегантен и класичен облик на чанти со две кратки рачки и еден долг ремен за преку рамосо со сигурност ќе ги освои дамите со стил ширум светот. Во продолжение ви ја претставуваме истоимената колекција на чанти, погледнете ја и одберете ја вашата омилена боја.