Доколку се чувствувате заглавени во својата кариера, пролетта е идеално време за освежување на вашата професионална биографија, вашите вештини и усовршување на истите. Ние ви предлагаме неколку начини како да го направите тоа..
Потрудете се да употребувате минато време кога зборувате за досегашните квалификаци – целите кон нови, не додавајте непотребни зборови и избришете го премногу деталниот опис на вашите референци.
Воспоставете контакт со старите пријателства. Вистинското пријателство, значи да останете во контакт со луѓето кои се заинтересирани за исти работи како и вие, кои се битни за вас. Побарајте го стариот соработник, колега, со кого не сте разговарале долго време или поврзете се со поранешните менаџери по пат на социјални мрежи.
Исчистете го својот работен простор. Фрлете ги старудиите, средете и организирајте ги своите документи, пренесете ги информациите од визит картите во компјутер и избрешете ја работната маса.
Средете ги вашите социјални мрежи. Средете го вашиот онлајн профил за подобро да дојде до израз вашиот бренд.
Снабдете се со нова гардероба за работа. Видете во вашиот гардеробер која облека ја носите најчесто на работа. Белата кошула, можеби и не веќе така бела? Дали вашето молив здолниште, сега ви е потесно од порано? Потрудете се тоа што го носите да ве истакне вас, во најдобрата верзија.