Големата битка започнува. Кој ќе победи?
Кога двајцата херои, синот на Криптон и лилјакот од Готам, ќе се судрат, започнува најголемата гладијаторска борба во историјата – „Бетмен против Супермен: Зора на правдата”. Во главните улоги се оскаровецот Бен Афлек – Брус Вејн / Бетмен и Хенри Кавил – Кларк Кент / Супермен.
Плашејќи се од непроверените акции на Супермен, Бетмен му се спротивставува, додека светот се прашува каков херој му е навистина потребен. Додека Бетмен и Супермен се борат меѓусебно, се појавува нова закана – Думсдеј кој е креиран од страна на Лекс Лутор. Сѐ е во рацете на Бетмен и Супермен за да ги тргнат на страна нивните различности за да ги спречат Лутор и Думсдеј од уништување на Метрополис.
Бен Афлек вели дека бил изненаден од понудената улога за Бетмен и не бил сигурен на почеток дали да се заложи за неа, но бил освоен по средбата со режисерот Зек Снајдер кога му ја објаснил неговата визија. Штом прифатил, веднаш почнал со вежбање на улогата, а за совет го прашал и Кристијан Бејл. Бен за оваа улога додал 10 килограми мускулна маса, додека за Хенри не било проблем бидеќи го имал задржано режимот помеѓу двата филма и лесно додал двојна мускулна маса. Бен сакал по завршување на снимањето да го задржи костимот, но продуцентите му понудиле да плати голема сума на пари со што се откажал и побарал само да се слика со него.
Причината зошто Бетмен му се спротивставува на Супермен е поради настаните во „Човекот од челик“, кога Вејн финансиската зграда беше уништена. Брус Вејн е исплашен од она што ќе се случи доколку Супермен ја употреби својата моќ за зло. Луѓето исто така го виделе Супермен како лажен Бог, многумина веруваат дека тој ќе биде херој, но сепак Супермен може да биде во конфликт со она што сака да го направи. Во филмот ќе се појави и Гал Гадот како Вондер Воман, единствена хероина на која не и треба херој за да ја спаси.
Премиерното прикажување на „Бетмен против Супермен: Зора на правдата” пред македонската публика бешe на 24.03.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.