“Baselworld” е светски најголемиот и најпознатиот саем на часовничарство и луксузен накит кој се одржува секоја година во Базел, Швајцарија во март месец. На овогодинешниот саем кој се одржа од 17 д0 24 март беа претставени најновите модели на познатите модни куќи како што се; “Tag Heuer”, “Philip Patek”, “De Grisogno”,”Dior” и многу други. Модната куќа Chanel го претстави својаот извонредно дизајниран модел на часовник со златни ремени низ кои се проткајуваат свилени тантели во розе и тиркизна боја. Извонреден модел на часовник беше истотака претставен од страна на модната куќа “Dior”, кој е наречен “Grand Soir Kaleidiorscope N`5”.
За најубав модел на женски часовник оваа година од страна на колекционерите беше избран новиот Breguet Perles Imperiales High Jewellery. Како најинтересни помеѓу женските часовници беа и најновите модели на “De Grisogono” односно т.н. smart часовници кои во соработка со Samsung беа изработени и украсени со дијамнти, а модните експерти сметаат дека овие модели ќе бидат меѓу најпосакуваните модни аксесоари годинава. Во продолжение погледнете ги овие прекрасни модели и уживајте.