Викендот ни се наближува и секако многу од нас ќе заминат некаде на патување на два-три дена. На сите нас ни случило да спакуваме во нашиот куфер гардероба која и воопшто нема да ја облечеме. Во продолжение ви препорачуваме неколку работи кои сигурно дека ви бидат потребни ако одите на краток пат.
- Бела кошула
Ова парче гардероба е практично и ќе може да го комбинирате со се, а и нема ви зафати многу простор во вашиот куфер.
2. Очила за сонце
Тие се неопходен моден аксесоар кој треба да го имате со себе.
3. Пролетен фустан
Изберете соодветен модел на фустан кој што ќе можете да го носите и преку ден и за вечерните излегувања.
4. Патики
Тие ќе ви бидат неопходен за опуштен и лежерен викенд. Секако да ги понесете со себе.
5. Балонер
Класичен беж балонер е идеално решение за да имате што да облечете ако времето е облачно.
6. Ниски потпетици
Изберете потпетици со средна висина во неутрални нијанси. Практичноста на прво место,зарем не!!