Без разлика дали работите од дома или ви е потребен простор во домот каде ќе можете на мира да ги извршувате обврските, секако дека убаво би било доколку имате домашна мини канцеларија или еден мал дел посветен на ваквите задачи. Ние ви претставуваме неколку инспиративни идеи за подобра организација и поголема продуктивност. Најважните елементи при уредувањето на ваков простор се биро или масичка за пишување, убав и удобен стол и шкафче или фиоки за подобра прегледност. Сè останато е оставено на вашите потреби и вашата креативност. Инспирирајте се и одберете си омилено работно катче за домот од фотографиите во продолжение.